| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струмица запленета риба на улица

Поголемо количество свежа риба, денеска, полицијата во акција со инспекторите од Дирекцијата за храна, запленија од препродавачите на булевар Маршал Тито, пред „Глобал“, во Струмица

ribi strumica

Ова е втора акција на полицијата и инспекторите за храна на одземање поголемо количество на свежа риба, дојрански „караш“, која уличните препродавачи ја продаваат на отворено.

Пред неколку недели имаше слична акција и беа запленети над 200 килограми свежа риба, од истиот вид.

И покрај ваквите акции, уличните препродавачи сепак, излегуваат и на отворено, без соодветни услови, продаваат риба. Тие нерасположени за коментар, само додаваат дека им се одзема парчето леб, кое го вадат продавајќи  на улица.

Извор: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top