Холивудската актерка Камерон Дијаз ја надмина 40-тата година од животот и и понатаму нема партнер ни деца. Сепак, Камерон истакнува дека не жали поради своите одлуки и се надева дека некогаш ќе посвои дете или ќе стане маќеа.
– Никогаш категорично не сум одбивала да имам деца. Да ги сакав во кој било период од животот, би ги имала. Ако премногу сакав дете, тоа сигурно би го пронашло патот во мојот живот, дали преку посвојување или со врска со некој што веќе има дете – изјави актерката во интервју за „Телеграф“.
Децата не ѝ недостигаат, затоа што често е опкружена со нив.
– Не сум без деца. Имам тон деца во својот живот. Можам да имам дете покрај себе кога и да посакам. Моите пријателки само ми велат „Секако, дојди да ги земеш“ – објасни Камерон.
Таа истакнува дека воопшто не е осамен случај и дека голем број од нејзините пријателки немаат деца.
– Не сум единствена, многу мои пријателки немаат деца. Тоа што не се остварив во мајчинството е сосема во ред. Мојот живот можел да отиде во различни правци – заклучи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.