| четврток, 6 декември 2018 |

Трансферите на Дибиров и Дујшебаев џек-пот за Вардар

Трансферот на Тимур Дибиров од рускиот тим Чеховски Медведи во македонскиот првак Вардар е прогласен за број 1 во Европа од реномираниот портал „Хендбол планет“.

Раководството на Вардар направи фантастичен потег што го доведе „летечкиот Русин“, се вели во содржината на „Планет хендбол“ наменета за најдобрите десет трансфери сезонава.

duse

„Црвено-црните“ погодија џек-пот и со ангажманот на Алекс Дујшебаев од Атлетико Мадрид летоска. Талентираниот шпански репрезентативец игра извонредно и заедно со Дибиров и останатите соиграчи во Вардар ќе се обидат да направат подвиг утре против Фленсбург, за да се пласираат на завршниот турнир во Лигата на шампионите што ќе се игра во Келн.

Еве ги десетте најдобри трансфери за оваа сезона според „Планет хендбол“:

1. Тимур Дибиров (од Чеховски Медведи во Вардар)

2. Момир Илиќ (Кил -> Веспрем)

3. Сташ Скубе (Тримо Требње -> Горење)

4. Диего Симонет (Иври -> Монпелје)

5. Сергеј Онуфриенко (Динамо Минск –> Мотор Запорожје)

6. Иван Слишковиќ (Нексе –> Целје)

7. Торстен Лаен (Фуксе Берлин –> Колдинг)

8. Павел Атман (Чеховски Медведи –> Металург)

9. Никола Манојловиќ (Цимос Копер –> Рајн-Некар)

10. Алекс Дујшебаев (Атлетико Мадрид –> Вардар)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top