Во првите полуфинални натпревари од Лига Европа домаќините се стекнаа со предност пред реваншите закажани за следниот четврток.
Финалистот од минатата година португалскиот претставник Бенфика денеска на домашен терен го победи Јувентус со 2-1.
Бенфика рано поведе со голот на Гарај уште во третата минута. Водтсвото го чуваше се до 73 минута кога Јувентус успеа да израмни со голот на Тевез. Кога се чинеше дека Јувентус обезбеди поволен резултат дојде казната преку Лика кој успеа во 84 минута да го доведе својот тим во предност пред реваншот. Јувентус ќе мора да брка позитивен резултат во реваншот во Торино и со тоа да игра во финалето на домашен терен.
Севилја успеа да ја совлада Валенсија со 2-0 и со голема предност ќе патува ревашот на „Месталја“. Севилја со добри игрите што ги покажува во шпанското првенство и Лигата на Европа може се надева на пласман во големото финале.
Денеска стрелци беа Мбиа и Бака во 33 и 36 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.