| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Му посакувам на Заев што подолго да е претседател на СДСМ

Денес имавме една убава вест во економијата и една убава вест во внатрешната политика. Економската е најавата за крупна инвестиција, политичката е тоа што Заев рече дека немало да поднесе оставка. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Кочани.

-Зоран Заев објави дека нема да си даде оставка во недела вечер. Ќе останел претседател на СДСМ. Петка. Браво. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, тоа е идеално. Неможе да биде подобро. Јас му посакувам многу здравје и долг живот, и подолго да е претседател на СДСМ,рече Груевски.

Груевски истакна дека вчера СДСМ ја добија анкетата која сами ја нарачаа. Во неа виделе дека рејтингот им се намалува, а на ВМРО-ДПМНЕ расте.

-Нов шок за нив.Од ВМРО-ДПМНЕ губат појако од на  13-ти април. Паднал договор во последните три дена да ветуваат се што народот сака да чуе. Се што ќе им падне на памет што мислат дека ќе им донесе гласови да ветуваат без размислување. Од вчера гледам што ќе стигнат ветуваат. Кај земјоделците ветуваат поголеми субвенции, даваат нови ветувања кај и да се појават без пресметки, дали е логично. Што ви фали? Ветуваме! Завршено, викаат. Народот ги гледа и им се чуди. 10 дена претходно изгубија. Потоа влегоа во негативна кампања со фалсификати, клевети, монтажи, омаловажување и навреди. Видоа позитивната кампања од почетокот не дава резултати. Фатија јака негативна кампања. Сега последниве денови ветуваат кој што му падне на памет. Ова, си викаат им е последна шанса, да приграбат гласови, да ветуваат, па ќе смислат нешто. Па што ќе смислат, не му ја смислиле на време, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top