| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама одбрани шут од роботот Асимо

Американскиот претседател Барак Обама, денеска размени неколку фудбалски чекори со малиот јапонски хуманоиден робот, Асимо, кој трча, скока и да шутира.

-Симпатично е да ве запознаам вас, му рече Асимо на американскиот претседател, кој низ насмевка му возврати: „Симпатично е и вас да ве запознаам“.

Висок како момче од околу десет години, Асимо, малото чудо на технологијата излезе од Хондата, па му покажа на претседателот што се може да направи, што вклучи и шутирање на топка.
Асимо шутна, но Обама одбрани.

-Малку е застрашувачко робот да може да изгледа така живо, рече Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top