| четврток, 6 декември 2018 |

Ако нападне Русија: Поранешен шеф на НАТО открива дали САД ќе влезе во војна

Како што стојат работите во Украина се поставуваат само две прашања: дали Русија ќе изврши сеопфатна инвазија на Украина и дали ако тоа се случи Америка ќе влезе во војна.

Некогашниот командант на НАТО алијанската Џејмс Ставридис смета дека не верува дека Русија ќе изврши сеопфатна инвазија на Украина.

-Сепак ако тоа се случи Русија ќе биде и економски и дипломатски изолирана од поголемиот дел од земјите во светот. Сето то би довело до состојба како во периодот на Студената војна, а тоа не би било добро за сите, рекол адмирал Ставридис.

На новинарско прашање дали во тој случај Америка и нејзините европски сојузници ќе влезат во војна, поранешниот прв човек на НАТО смета дека тоа е малку веројатно.

-Отворена војна како воено мешање на Америка е навистина невозможна опција. Но, од друга страна, нештата одат кон тоа да пружиме силна воена помош на Украина против побуната која ја спонзорира Русија, рекол адмирал Ставридис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top