Спортскиот суд во Италија ги казни Јувентус и Фиорентина поради непримерно однесување на нивните навивачи.
Сите инциденти се однесуваат на меѓусебниот дуел кој Јуве и Фиорентина го одиграа во Торино на 9 март. Домашните навивачи скандирале антисемитски пароли поради што Јувентус е казнет со 25 илјади евра.
Од друга страна, навивачите на Фиорентина закачиле транспарент со кој се исмевале на трагедијата која се случила на стадионот „Хејсел“ во која животот го загубиле 39 навивачи на Јувентус. Поради тоа, клубот од Фиренца е казнет со 8 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.