Италијанецот на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека било тешко да му се спротивстави на Баерн со недоволно подготвени Бејл и Роналдо.
– Добро се браневме со формацијата 4-4-2 и тоа против тим што инсистира да доминира над топката. Без Герет Бејл и недоволно подготвениот Кристијано Роналдо не беше лесно, но сепак сум задоволен од конечниот резултат. Имавме тежок почеток, но во второто полувреме успеавме да поставиме некој вид на наша игра. Моравме да се браниме и да играме со контранапади. Коентрао одигра одлично, како и Иско, Карвахал и Ди Марија – рече Анчелоти.
Дефанзивецот на Реал Серхио Рамос додаде дека мечот бил многу тежок.
– Добар и тежок натпревар. Игравме против екипата што сака да ја чува топката. Моравме да одиграме висок пресинг за да им ја земеме топката. И во вториот натпревар ќе одиме на победа, Баерн е одлична екипа и 1-0 во Минхен не значи ништо – изјави Рамос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.