| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателите си го мереле рејтингот и кај жените: Саркози и Оланд во љубовен триаголник

-

Поранешниот француски претседател Никола Саркози се обидел да ја заведе поранешната девојка на сегашниот француски претседател Франсоа Оланд, но таа го одбила.

Саркози дал сè од себе да ја освои Валери Трирвеилер во дворот на Елисејската палата за време на одбележувањето на празникот Денот на Бастилја и тоа два месеца откако бил избран на изборите во 2007 година, тврди Патрис Машурет во својата нова книга.

Во тоа време Валери имала 42 години, а Саркози имал разнишан брак со Сесилија Сиганер, па се обидел да ја „фати“ новинарката, која со години била во тајна врска со Оланд, тогашен шеф на социјалистите.

– Преубава си. Би требало ние двајца да се гледаме – ѝ шепнал Саркози на уво на новинарката, која во 2012 година стана прва дама на Франција, а Оланд ја остави пред неколку месеци.

Трирвеилер ја одбила понудата на Саркози и подоцна рекла дека е „машка свиња“, тврди Машурет во книгата.

Саркози изреволтиран од одбивањето извикал: „Ма што се замислува таа?“

Во книгата евентуалниот инцидент го објаснува евидентното непријателство меѓу Саркози и Валери, кое постои откако Оланд дојде на власт.

Непријателството излезе на површина на комеморацијата за Нелсон Мандела во Јоханесбург, кога Саркози грубо се пошегувал дека Влаери во својата преголема шапка изгледа како Франсоа Митеран.

– На погребот бевме тројца француски претседатели- јас, Франсоа Оланд и Франсоа Митеран, рекол тој.

Авторката на книгата тврди дека со обидот да ја заведе Валери, Саркози сакал дополнително да го порази Оланд, кого веќе го победил на изборите во 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top