Новиот трговски центар “Палма Мол” кој се наоѓа пред самиот влез во Тетово, покрај автопатот, свечено ги отвора вратите за своите посетители на 30-ти април.
На свеченото отворање ќе се реализираат разновидни активности за сите посетители. Настанот е замислен како низа активности преку целиот ден, кој ќе финишира со централен перформанс во вечерните часови.
Гости на официјалното отворање ќе бидат и познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс, кој воедно се заштитни лица на кампањата на “Палма Мол”.
Новиот модерен трговски центар “Палма Мол” се простира на 32 000 м2 на 3 нивоа и истиот содржи голем број локали меѓу кои се модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, голем салон за бела техника, супермаркет, ресторан и фаст фуд дел, игротека, кино и уште многу други места за забава на посетителите од сите возрасти.
Трговскиот центар располага со голем паркинг простор, кој ќе им го олесни пристапот до трговскиот центар на посетителите и истиот ќе биде бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?



