– Ова место во следниот период ќе биде вистинско градилиште и тука ќе никне стариот струмички театар, ќе ја вратиме душата на градот Струмица во делот на културата, да биде гордост за сите струмичании кои сакаат да одат во театар, и кои сакаат да имаат културен живот, да имаат едно прекрасно катче каде што ќе можат да следат театарски претстави, а и за театарските работници да можат да го извршуваат она што најдобро знаат, театарските претстави во една достојна средина – нагласи Ставрески по денешната посета на градилиштето предвидено за изградба на струмичкиот театар.
За овој проект се издвоени 220 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за култура.
Канческа-Милеска истакна дека оваа влада на чело со Никола Груевски како никоја досега инвестира во културата, уметноста и во културното наследство и дека таквите инвестиции ќе продолжат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата