Среќен сум што можам да речам дека станавме вторпат родители и добивме ќерка која ќе се вика Френки Баримур Копелман, соопшти двојката пред потпаролот Ју Ес Викли и додадоа: Олив доби помлада сестра и сите сме здрави и среќни.
Баримур и Копелман се венчаа во јуни 2012 година, а во септември истата година им се роди првата ќерка Олив. Веднаш по нејзиниот прв роденден, Дру објави дека повторно е бремена.
Позната актерка рече дека се погрижила околу постарата ќерка и ја подготвила за доаѓањето на сестра ѝ.
– И читав многу книги. Таа многу сака книги, тоа можеби ѝ е најмила работа во светот. За нејзина возраст е многу бистра и брзо ги разбира работите – рече младата мајка.
Бидејќи таа немала убаво детство, сака да ги заштити своите девојчиња. Баримур на 13 години заврши на рехабилитација поради зависност од алкохол, а веќе на 15 стана целосно независна и се отсели од родителите.
– Најдобрар пример на своите деца може да им бидете така што со пример ќе им покажете што треба да прават. Не жалам за ништо во својот живот, но сакам да им пружиме што повеќе. Сакам да завршат училиште, да бидат трпеливи и да ја почитуваат традицијата – објасни таа.
Иако таа се фотографираше за познатото списание „Плејбој“, такво нешто на нејзините девојчња нема да им дозволи.
– Тоа беше моја одлука за еден ден некој друг да има подобар живот. Тоа беше мое патување и би се обидела да влијаам за да сфати дека тоа не е вистинска одлука. Не би ѝ дозволила позирање за Плејбој – одлучно рече Дру.
Кога имала само 19 години Дру сите ги шокирала со нејзините фотографии во познатото списание. После тоа се омажи за ѕвездата од „Ем-Ти-Ви“, Том Рин, а разводот се случи по една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.