
Во охридската туристичка населба Пештани во тек е изградба на модерно шеталиште. Досега речиси целосно е завршено покривањето со бехатон плочки на неколку улички, а потпорниот ѕид кој се гради покрај езерото на потегот од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица е во завршна фаза.

Со завршувањето на изградбата на потпорниот ѕид, овој простор ќе прерасне во шеталиште кое ќе биде и хортикултурно уредено, информираат од општината.

Раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, Зоран Рафтоски беше во обикола на градежните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


