Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“ содржи проекти кои се конкретен одговор на потребите на граѓаните и чиј главен елемент е економскиот напредок и отворањето на нови работни места, истакна на денешната прес – конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Нашиот фокус е економскиот развој и поддршка на бизнисот кој отвара нови работни места и креира економски напредок – нагласи Делев.
Малите и средни претпријатија како носители на економскиот развој во Македонија, вработуваат над 75% од вработените лица и креираат над 60% од БДП во земјата. Во таа насока се спроведоа значителни реформи и мерки преку водењето на политики на ниски даноци и социјални придонеси, подобрување на условите за водење бизнис, поедноставување на административните и регулаторни процедури и сл. Во насока на зајакнување на поддршка на малите и средни претпријатија ќе се реализираат и следните проекти:
Проект: Издавање на сите нефункционални објекти во државна сопственост по пристапни цени. Сите неактивни, руинирани и нефункционални објекти во државна сопственост ќе може да се дадат под закуп на заинтересирани лица од приватниот сектор за минимален, симболичен надомест, а за возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да работи во нив и дополнително да вработи луѓе. Со оваа мерка ќе им се овозможи на малите фирми кои не можат да си дозволат сопствен простор или да плаќаат скапа кирија, да се здобијат со потребниот простор за проширување на бизнисот, а државата ќе ги стави во функција објекти кои не се користат.
Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO, HAASP I HALAZ стандарди. Со мерката ќе се надоместат дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди и тоа 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 60.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.
Финансиска поддршка за новоосновани претпријатија од страна на млади претприемачи. Со мерката ќе се субвенционираат новоосновани претпријатија чии што основачи (над 50%) и управители се млади лица до 30 години, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци но не повеќе од 120.000 денари.
Ќе се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност државјани на Република Македонија, преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари
Нов закон за занаетчиство во првата година на новата Влада во насока на поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија ќе се овозможи надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар како и надоместување на дел од трошоците за поддршка на патенти.
– Ова се само мал дел од проектите кои се предвидени со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е програма која содржи проекти кои се конкретен одговор на потребите на граѓаните и чиј главен елемент е економскиот напредок и отворањето на нови работни места. Разликата е очигледна и граѓаните ја препознаваат – истакна Делев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



