Триесет и шест годишен охриѓанец се обидел да го силува десет годишното внуче, но бил се забележан и спречен од неговиот брат.
СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, поднесе кривична пријава против А.А.(36) од Охрид, по што истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Ноќта помеѓу 16-ти и 17-ти овој месец, пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник- негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од А.А. врз малолетното лице како начин да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди. Во намерата да го изврши половиот напад, А.А. бил спречен од неговиот брат кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот по што случајот е пријавен од родител на 10 годишното дете. СВР Охрид веднаш го приведе А.А. против кого и досега биле поднесувани пријави по повеќе основи за сторени кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.