До 31 мај годинава е пријавувањето за субвенциите за поголем дел од земjоделското производство. Исплатата е според сезонскиот карактер на производството.
Полјоделците кои одгледуват житни и индустриски култури ќе добијат по 9.000 денари по хектар, а за поголеми површини субвенциите процентуално ќе се намалуваат.
Дополнителни 1 000 денари ќе се добива и за производството на добиточната храна, потоа по 3.000 за сончоглед, ориз и за употреба на сертифициран семенски материјал.
За доматот и краставиците субвенциите се 30.000 денари, а за другите видови зеленчук, 25. 000 денари по хектар.
За лубениците и дињите подршката е 6 илјади денари.
Годинава тутунарите добија и 60 денари за килограм суров тутун произведен во 2013 -та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос