| четврток, 6 декември 2018 |

Клуч за диви обложувалници во Ростуше и Велебрдо

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) вчера затвори обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо кои работеле на диво.

– Од објектите кои работеле нелиценцирано, даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема (телевизори, компјутери и печатари) и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа, соопшти УЈП.

ПЗа лицата-приредувачи изречена е глоба од 2.000 евра, а ќе следат и кривични пријави.

Според УЈП, карактеристично за нелегалното вршење на дејност е што најчесто тоа се врши во неозначени локали, сместени во објекти за семејно домување, каде работат не пријавени лица.

Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на денјост и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top