Управата за јавни приходи (УЈП) вчера затвори обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо кои работеле на диво.
– Од објектите кои работеле нелиценцирано, даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема (телевизори, компјутери и печатари) и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа, соопшти УЈП.
ПЗа лицата-приредувачи изречена е глоба од 2.000 евра, а ќе следат и кривични пријави.
Според УЈП, карактеристично за нелегалното вршење на дејност е што најчесто тоа се врши во неозначени локали, сместени во објекти за семејно домување, каде работат не пријавени лица.
Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на денјост и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок