Државната изборна комисија (ДИК) треба сериозно да се посвети на откривање на причината за големиот број неважечки ливчиња и да обезбеди соодветен механизам за елиминирање на ваквата појава во вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори на 27-ми април, заклучија од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ).
За оваа појава забележана во првиот круг од гласањето за шеф на државата на 13-ти април, беше дискутирано во вторникот меѓу Владо Поповски, шеф на Централниот изборен штаб на ГРОМ Владо Поповски и Елен Шустик, политички аналитичар од мисијата ОБСЕ/ОДИХР.
На средбата се разговараше главно за активностите на ГРОМ за време на кампањата, како за претседателските така и за предвремените парламентарни избори. Потенцирана беше исклучиво позитивната кампања што ја води ГРОМ, во која, како што беше оценето, единствено се презентира сопствената програма, заложбите и идеите на партијата „за постигнување стабилност, мир и благосостојба во државата”, се наведува во соопштението на партијата.
На средбата, исто така, беа споделени и впечатоците од изминатиот, прв круг од претседателските избори и притоа акцентот бил ставен на бројот на неважечките ливчиња од првиот круг како една од круцијалните забелешки на ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот