| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и СДСМ фатени живи во фалсификат! (фото+видео)

pecat

– СДСМ се служи со фалсификати и лаги за да се спаси од огромниот изборен пораз. Таканаречениот документ кој денеска го приложува Зоран Заев е класичен, груб и смешен фалсификат – изјавија денеска од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

sud

Тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот е прогласен за неважечки уште во 2004 година. Печатот е пријавен и прогласен за неважечки. До Основниот суд во Скопје на 15.10.2004 година од наша страна е доставен Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и опис како ќе изгледа новиот печат. Судското решение е издадено на 02.11.2004 година. Ова е непобитен доказ дека она што Заев го приложува денес не е печатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е стар печат кој го користело поранешното, старо раководство на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top