| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен турнир во баскет овој викенд

Спортскиот центар „Форца“ организира бесплатен турнир во баскет за сите вљубеници во овој спорт. Целта на турнирот е да се мотивираат младите луѓе да спортуваат, но најважно од сѐ, тоа да го прават безбедно.

Турнирот кој ќе се одржува овој викенд (26 и 27 Април) ќе биде од натпреварувачки карактер, а најдобрите ќе добијат баскет-термин за цела сезона.

podloga orce slika 2

 

За да има рамноправност околу натпреварувањето, екипите ќе може да се пријавуваат на принцип 3 + 1 во две категории: екипи до 35 години и екипи над 35 години. Но, она што е најважно за сите екипи се игралиштата на кои ќе се играат натпреварите. Тие се наоѓаат во склоп на државното средно училиште „Орце Николов“ и се 4 надворешни игралишта кои се со најнова подлога по светски стандарди која има амортизација, не се лизга и е со значителен намален ризик од повреди, единствена од ваков квалитет во нашата држава.

– Турнирот кој е закажан да се одржи викендов е бесплатен и достапен за сите кои сакаат да ги покажат своите способности на новиот терен во градот. Бидејќи бројот е ограничен ги повикуваме сите да се пријават побрзо се со цел нивно учество. Воедно, ова ќе биде и најава за сите активности кои се предвидени да се реализираат во новиот баскет центар кој е наменет за рекративно спортување… – велат од „Форца Баскет Центар“.

Пријавувањето за турнирот ќе се одвива по електронски формат и сите оние кои ќе ја пополнат пријавата ќе може да ја испратат на [email protected] најдоцна до 25 април до 12 часот. Апликацијата може да ја превземете од фан страната на„Фејсбук“ на спортскиот центар „Форца“. Повеќе информации за сите заинтересирани на 071/334-343.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top