Вториот голман на вицешампионот Металург Раде Мијатовиќ, по една година помината во Скопје го напушта тимот. Црногорскиот репрезентативец ќе се пресели во редовите на унгарскиот тим Чургу.
Чургу има намера во следната сезона да замеша прсти во борба за титулата и да им се спротивстави на Веспрем и ПИК Сегед, па поради тоа создава квалитетен состав, а ангажирањето на Мијатовиќ е доказ за тоа.
Во својата кариера Мијатовиќ настапувал за српските клубови Војводина, Партизан и Црвена Звезда, а неколку години престојувал и во Шпанија, каде ги бранел боите на Толедо, Алкобендас и Антекјера. Минатата сезона ја помина во Белорусија, на голот на Динамо од Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.