Осумнаесетгодишниот матурант Патрик Харвс ја покани актуелната „Мис на Америка“ да го придружува на неговата матурска забава, но наместо партнерка тој доби само казна.
Имено, за време на средба на актуелната „Мис на Америка“, Нина Давалари со ученици во гимназијата „Централ Јорк“ во американската сојузна држава Пенсилванија, локалниот матурант Патрик во еден момент станал од своето место, пришол до бината и со пластичен цвет во раката ја замолил „најубавата Американка“ да му биде партнерка на матурската забава.
Но, ваквиот „испад“ на Патрик не им се допаднал на челновите на Училишниот одбор, кои решиле да го казнат матурантот со тридневна суспензија од наставата.
Покрај тоа, од Патрик било побарано и да и се извини на Нина поради неговиот „непромисен потег“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”


