| четврток, 6 декември 2018 |

Инженерот на потонатиот фериброд се обидел да се самоубие

brod juzna koreja

Инженер од потонатиот ферибот „Севол” во Јужна Кореја се обидел да се самоубие, пренесе агенција Јонхап . Инеженерот со презиме Сон се обидел да се обеси во соба во хотелот, каде што властите спроведуваат истражни дејствија со членовите на екипажот. 57-годишниот Сон вчера бил испрашуван до доцна, а денес сослушувањето требало да продолжи. Денеска претпладне вработените на хотелот го забележале неговиот обид за самоубиство, по што бил спречен обидот да си го одземе животот.

Пред три дена беше пронајден мртов заменик- директорот на јужнокорејската гимназија, чии студенти патувале на потонатиот крај Јужна Кореја ферибот. 52-годишниот Канг Мин Ку беше меѓу спасените на одборот на траект. Според податоците на локалните медиуми се обесил .

Досега е потврдена смртта на 64 лица, 238 луѓе остануваат во неизвесност. Во притвор се седум лица од екипажот, вклучувајќи и капетанот на бродот, кој може да добие доживотна затворска казна.

Според податоците на истрагата капетанот бил меѓу првите кои го напуштиле пловилото. Патниците сведочат дека за време на трагедијата екипажот ги повикувал да не ги напуштаат своите места, наместо да ги снабдуваат со спасувачки елеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top