
Изневеруваат и мажите и жените. А знаците што можат да ги издадат дека се неверни се различни. Интуицијата обично е првиот знак дека нешто не е во ред, но не можете да се потпрете само на неа. Даниел Гомез е приватен детектив, кој соработува на снимањето на реалното шоу „Cheaters” и автор на книгата „Play to Win“ ги советува двојките како да излезат на крај со партнерите што изневеруваат.
Знаци на предупредување дека ТОЈ изневерува
Гомез вели дека мажите се мајстори за преправање кога се работи за изневерувањето. Некои знаци дека мажите изневеруваат се:
- Намален сексуален нагон. Кога мажот сексуално се интересира за друга жена, неговата желба за сопругата или за партнерката може да се намали.
- Повеќе внимава на изгледот. Мажот што сака да ја импресионира новата љубов ќе поминува повеќе време во теретана, ќе купува нова облека и воопшто ќе вложува повеќе труд во изгледот.
- Повеќе троши. Ако парите од домашниот буџет мистериозно исчезнуваат, причина може да биде и изневерувањето.
- Не го испушта мобилниот телефон од рака. Може изненадно да стави лозинка за заклучување на телефонот, кој постојано го чува некаде во близина. Ако го чува заклучен под перницата додека спие – дефинитивно крие нешто.
- Промени во автомобилот. Ако километражата одеднаш се зголемила, наоѓате чудни сметки или работи во неговиот автомобил, тоа може да бидат докази дека нешто крие надвор од дома. Уште еден знак на предупредување: совозачкото седиште е поместено во друга позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


