На големата награда на Кина во Формула 1 повторно доминираа пилотите на Мерцедес. Со трета еднопудруго победа Луис Хамилтон докажа дека неговиот болид е најдобар оваа година. Тој откако ја освои пол-позицијата вчера, на денешната трка без проблеми дојде до победата пред својот клупски колега Нико Розберг. На трето место се пласираше Фернандо Алонсо од Ферари. Со оваа победа Хамилтон го израмни стариот рекорд на Хуан Мануел Фанџо од далечната 1954 со три победи во низа.
Хамилтон заедно со Розберг со трета по ред еден-два победа го достигна рекордот на Ферари од 2004 година.
Следната трка се вози на 11 мај во Барселона за големата на награда на Каталонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




