Вчера наутро околу 10,30 часот на патот Ресен-с.Куратица, 31-годишниот Л.Х. од Oхрид со своето патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, се движел пред автобус на „Галеб Охрид“, управуван од З.К.(29) од с.Белчишта-Охрид.
Кај с.Косел. Л.Х. го запрел возилото со цел автобусот да го помине. Но, З.К. по пристигнувањето на автобуската станица во Охрид, влегол во сопственото возило „БМВ“, и го пречекал Л.Х. кај кружниот тек во Охрид, излегол и со шипка удрил врз задната хауба на 2мерцедесот“ и ја оштетил.
СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


