
Зоран Ставревски, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во четвртата изборна едница денеска пред струмичани ги презентираше мерките за самовработување кои нудат шанса младите до 29 години да отворат сопствен бизнис.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ постојано ги охрабрува младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис да го направат тоа, а бидејќи не е доволно само да се има добра идеја, тие им помагаат во тоа.
-Во изминатиот период се обезбеди поддршка од по 3.000 евра за започнување на сопствен бизнис во вид на грант или, пак, 5.000 евра преку кредити за самовработување, кои за младите лица ќе бидат и зголемени во следниот период. Износот за сите лица кои имаат до 29 години и сакаат да започнат сопствен бизнис ќе биде зголемен на 7.000 евра по лице. Ако вработи до 4 лица, за сите лица по 4.000 евра. Тоа се вкупно 23.000 евра за фирма којашто ќе ја основа младо лице со 4 вработени, изјави Ставрески.
Овие мерки, исто како и мерките за пријавување на лица до 29 години за 12 месеци, истакна Ставрески, ќе овозможат поголем број млади да се вработат .
Во Струмица беа искажани и вистински примери за успешноста на овој проект, а за поволностите кои ги нудат мерките за самовработување говореа задоволните корисници.
-Од обична, но реална и остварлива идеја, од желба за напредок и вола за работа, се осмелив да го направам првиот чекор во остварувањето на сопствен бизнис. Ја добив бараната поддршка од Владата и другите инволвирани институции и храбро застанав на предизвиците на денешнината. Го охрабрувам секој млад да се осмели да го направи првиот чекор, само така се гради успешен бизнис, изјави задоволен корисник на овие мерки.
Како што посочи Ставрески, младите од Струмица се засега најуспешни во реализација на овој проект за самовработување, а оваа мерка ја искористиле стотици лица од струмичко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна


