| четврток, 6 декември 2018 |

Албански имам поттикнувал верници од Косово да одат во војна во Сирија

Жителите од пошироката област на косовска Дреница го обвинија имамот Кастриот Дука(по потекло од Албанија) за индоктринација и поттикнување на исламските верници да одат во војна во Сирија.

Според косовските медиуми  верниците многу не се уплашиле од законот на владата со кој секој кој војува надвор од земјата ќе биде казнет со 15 години затвор, туку и понатаму потпаѓаат под влијание и заминуваат за Сирија. Тие наведуваат дека од подрачјето на Дреница десетици млади заминале да војуваат во Сирија. Командирот на полициската станица во Дреница, Басри Дурмиши, вели дека полицијата има официјални податоци дека петмина жители на Скендерај(Србица) војуваат во Сирија, но не е негира дека овој број може да е неколкупати поголем.

„Жителите од оваа косовска област го обвинуваат за оваа идеологија имамот од џамијата во село Марин кај Дреница, државјанин на Албанија, Џемаил алијас Кастриот Дука, кој е познат за медиумите во Косово, бидејќи подолго време е прогласен за „персона нон грата(непожелна личност) но тој повторно е вратил тука, – наведуваат медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top