Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3, Никола Тодоров, денеска во текот на посета на Делчево и Македонска Каменица вети дека новата влада за 60 отсто од трошоците на занаетчиите, додека Гордана Јанкулоска како носител на листата на владејачката партија во Изборната единица 2 во скопската општина Ѓорче Петров најави нови гринфилд инвестицииТодоров пред граѓаните во петокот промовираше проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ – „Проверено” при што се осврна на проектот за поддршка на занаетчиството и занаетчиите во Македонија.
-Овој проект предвидува државата да субвенционира до 60 отсто од признатите трошоци кои се направени од занаетчиите за развој на занаетчиството во Македонија. Тоа се претежно трошоци за набавка на алат, трошоци за развој на производ, дизајн, трошоци за стекнување со титула мајстор. Трошоците можат да бидат најмногу до 120 илјади денари, рече Тодоров.
Јанкулоска, исто така, во петокот оствари средба со граѓани пред кои промовираше дел од проектите од предизборната програма на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна, во неа меѓу другото во наредниот период се предвидува промоција на нови гринфилд инвестиции.
-Како резултат на интензивните кампањи за промоција на поволната бизнис клима и инвестициските можности во Македонија, како и големиот број реализирани роуд-шоуа, и директни деловни средби со странски компании, во следниот период се очекуваат уште најмалку 30 нови инвестиции. Со влезот на новите најавени и планирани гринфилд инвестиции се очекува отворање на најмалку 10 илјади нови работни места. Има разлика”, порача Јанкулоска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда
-
Јанкуловска има ризична бременост, не дојде на судењето на „Тенк“