лекарите на службата за спасување кои први стигнале на местото на несреќата на седумкратниот светски шампион на Ф1, Михаел Шумахер погрешно ја процениле тежината на повредата на славниот германски возач.
Оваа информација ја пренесоа поедини германски медиуми кои се занимавале со реконструкција на настаните по несреќата. Шумахер на 29 декември минатата година доживеа нереќа при скијање во Мерибел во Франција при што удрил со глава во карпа, а оттогаш се наоѓа во вештачка кома. Германските медиуми тврдат дека поседиците за здравствената состојба на Шумахер би можеле да бидат помали доколку лекарите од службата за спасување подобро ја проценеле ситуацијата во која се наоѓал Германецот. Шумахер прво бил префрлен во билница во Мутије, а дури откако состојбата драматично му се влошила со хеликоптер бил префрлен во Гренобл каде што бил опериран.
По несреќата Шумашер бил свесен, разговарал и ги движел рацете и нозете, што лекарите на службата за спасување ги навело да помислат дека тој не се наоѓа во тешка состојба. Во оваа ситуација брзото доаѓање на местото на несреќата било отежнувачка околност за лекарскиот тим.
-Доколку спасувачите дојделе малку подоцна, веројатно би препознале дека станува збор за сериозни повреди опасни по животот, наведуваат германските весници.
Овие информации не сакаше да ги коментира портпаролката на германскиот возач, Сабине Кем.
Михаел е во болница во Гренобл од 29 декември каде два пати беше опериран, а кон крајот на јануари лекарите почнаа со постепен процес на будење од кома. Пред неколку недели тој почна да реагира на звук и да воспоставува контакт со очи со своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


