
„Да го обоиме СЦ „Борис Трајковски“ во сина боја“ – им порачуваат играчите на Металург на своите фанови кои ќе присуствуваат на саботниот натпревар помеѓу Металург и германскиот ракометен гигант Кил.
-Сите наши фанови кои поседуваат фан дресови, маички…, а и сите останати со својата облека да придонесат во составувањето на мозаикот кој ќе го види цела ракометна Европа. Да им покажеме на нашите ракометни јунаци долу на теренот дека ја имаат нашата подршка во најголемата битка која нашиот Металург ја имал во својата историја, порачуваат од Металург.
Вратите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се отварат во 16.30 часот, а на главниот влез сите посетители ќе можат да се подготват за навивање. Фан шопот и специјално подготвениот простор за цртање (шминкање) ќе бидат на располагање.
Натпреварт со Кил ќе биде под посебен мониторинг на ЕХФ, а потврда за тоа е номинирањето на дури тројца делегати: Клаус-Дитер Конвенц (Белгија), Тоно Хосе Хуелин (Шпанија) и Петер Хансон (Шведска). Канцеларијата на ЕХФ се обрати и директно до менаџментот на РК Металург изразувајки му целосна поддршка за тоа што го работи во последните три сезони и упати низа комлименти за досегашната организација на натпреварите од елитното европско натпреварување. Истовремено, ЕХФ побара од РК Металург да го задржи високото организациско ниво и да направи се, натпреварот со Кил да биде уште еден ракометен празник во Скопје. Секако, тоа подразбира и добивање препораки што ке треба да бидат испочитувани од страна на РК Металург.
Во интерес на безбедноста на сите што ке присуствуваат во СА “Борис Трајковски“, РК Металург апелира:
– Без обезбедена влезница или акредитација, да не се тргнува кон СА “Борис Трајковски“.
– Да не се носат метални предмети, особено монети и запалки, лименки и пластични или стаклени шишиња.
– Доколку сепак бидат откриени метални и други тврди предмети, обезбедувањето на влезовите ке ги одземаат без исклучок.
– Да се запази нумерацијата на седиштата во салата и да не се заземаат туги места.
– Да не се седи на скалите, бидејки делегатите нема да дозволат почеток на натпреварот се додека не се создадат услови за игра.
– Да не се фрлаат на теренот никакви предмети, па дури и од мек материјал, што подразбира максимална воздржаност.
РК Металург го упатува овој апел до сите навивачи, приврзаници, почитувачи и поддржувачи на клубот со цел уште еднаш да покажеме дека Скопје во моментот е центар на ракометна Европа, со изграден имиџ на ракометен град во које се игра жестоко, но се навива пристојно и во рамките на коректноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


