Српскиот претседател Томислав Николиќ побара воени репарации од НАТО за бомбардирањето во 1999 година, објави белградскиот весник „Политика“.
Николиќ, во обраќањато на прославата на Денот на Војската на Србија, оцени дека бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година е еден „нецивилизиран преседан во историјата, нешто од што би требало да се засрамат и варварските народи од
предхристијанскиот период“.
Тој додаде дека е сосема оправдано да се очекува дека Србија ќе застане на свои нозе со компензирање на штетите. Повод за оваа изјава на Николиќ е неодамнешното признание на официјален претставник на НАТО, дека Србија е бомбардирана без одобрение на Советот за безбедност на ОН, пишува „Политика“.
– Оправдување за бомбардирањето на една суверена држава, членка на ОН, убивањето на нејзините деца и уништувањето на нејзиното богатство, кое е создадено од нејзините граѓани, беше дека се спречува потенцијално страдање. Подобро да не измислеа никаква причина, бидејќи и немаше причина. Или подобро е да признаат дека причината е создавање на
албанска држава на територијата на Србија, нагласи Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО