Полицијата од Охрид поднесе кривични пријави против две лица од охридското село Лешани, поради сомнение дека се сторители на казнено дело „изнуда“.
Според соопштението од Секторот за внатрешни работи од Охрид, на 16-ти овој месец околу 23 часот пријавените Д.Ј.(25) и Д.М.(33) влегле во кафе бар во Стариот дел од Охрид, каде што се задржале подолго време.
Притоа постојано барале да бидат послужувани со алкохолни пијалоци, велејќи му на келнерот дека на крајот ќе ја плателе сметката. При повторниот обид за наплата, двајцата сега притворени започнале со агресивно однесување и навредување на келнерот. Истовремено со закани од вработениот побарале да го повика сопственикот на објектот, со образложение дека тој имал неплатен долг и дека сметките требало да бидат платени од негова страна.
Пријавените лица биле притворени и во декември минатата година, поради тоа што во неколку наврати го сториле истото кривично дело со што предизвикале страв и несигурност кај вработените и присутните граѓани во угостителскиот објект.
Од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.