| четврток, 6 декември 2018 |

Неновски: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ за 30 инвестиции и 64.000 вработувања е реална

Професорот д-р Томе Неновски ги анализира изборните програми на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ, при што програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како реална и остварлива, со конкретно дадени рокови и цели. Според него, владејачката партија докажа и покажа дека може да реализира сè што ќе вети

Ка­ко ја оце­ну­ва­те из­бор­на­та про­гра­ма на ВМРО-ДПМНЕ за пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри?
Не­нов­ски: Ед­на од глав­ни­те при­чи­ни зо­што ВМРО-ДПМНЕ ед­но­по­дру­го ги до­би­ва си­те из­бо­ри од 2006 го­ди­на на­ва­му е ква­ли­тет­но изра­бо­те­на­та из­бор­на про­гра­ма, ре­а­ли­за­ци­ја­та на нај­го­лем дел од таа про­гра­ма во пла­ни­ра­ни­те актив­но­сти и вре­мен­ски рам­ки и от­че­тот пред јав­но­ста за сра­бо­те­но­то во прет­ход­ни­от (из­ми­нат) ман­да­тен пер­и­од.

И овој пат ВМРО-ДПМНЕ ну­ди обем­на и де­тал­но образ­ло­же­на из­бор­на про­гра­ма со­ста­ве­на на око­лу 400 стра­ни­ци, со на­ве­ду­ва­ње ро­ко­ви и од­го­вор­ни из­вр­ши­те­ли на со­од­вет­ни­те про­гра­ми­ра­ни актив­но­сти. Тоа зна­чи де­ка ста­ну­ва збор за опе­ра­тив­на из­бор­на про­гра­ма, ко­ја е под­го­тве­на спо­ред по­тре­би­те, ба­ра­ња­та и ин­те­ре­си­те на гра­ѓа­ни­те.

Спо­ред Ва­ше­то мис­ле­ње, кои се нај­до­бри­те мер­ки што мо­жат да го по­до­брат жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те?
Не­нов­ски: Гла­вен дви­га­тел на жи­вот­ни­от стан­дард на на­се­ле­ни­е­то се­ко­гаш и се­ка­де е рас­те­жот на еко­но­ми­ја­та. За не­го­во ос­тва­ру­ва­ње, во на­ши ус­ло­ви, по­треб­но е на­та­мош­но по­до­бру­ва­ње на де­лов­на­та кли­ма, зго­ле­му­ва­ње на до­маш­ни­те и на стран­ски­те ин­ве­сти­ции, а со тоа и на про­из­водс­тво­то и на бро­јот на но­во­вра­бо­те­ни, што сѐ за­ед­но ќе го зго­ле­ми обе­мот на пла­ти­те, по­тро­шу­вач­ка­та, агре­гат­на­та по­ба­ру­вач­ка и, ко­неч­но, ќе го зго­ле­му­ва до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод на зем­ја­та. Па­ра­лел­но со тоа, не­оп­ход­но е дејс­тву­ва­ње и во со­ци­јал­на­та сфе­ра пре­ку да­ва­ње раз­ни бе­не­фи­ции на со­ци­јал­но­чув­стви­тел­ни­те гру­пи или нај­си­ро­маш­ни­те де­ло­ви од на­се­ле­ни­е­то (со­ци­јал­ни слу­чаи, пен­зи­о­не­ри со нај­ни­ски пен­зии, сту­ден­ти итн.). Тие ге­не­рал­ни актив­но­сти за по­до­бру­ва­ње на жи­вот­ни­от стан­дард на гра­ѓа­ни­те на РМ се опе­ра­ци­о­на­ли­зи­ра­ни во по­ве­ќе мер­ки со­др­жа­ни во из­бор­на­та про­гра­ма на ВМРО-ДПМНЕ.

Tome-Nenovski-int84-2

Кол­ку се ре­ал­ни нај­а­ви­те за 30 но­ви ин­ве­сти­ции и за 64.000 но­ви вра­бо­ту­ва­ња?
Не­нов­ски: Ако бро­јот и обе­мот на стран­ски­те ин­ве­сти­ции во РМ се зго­ле­му­ва­ше во вре­ме на, мо­же­би, до­се­га нај­го­ле­ма­та свет­ска еко­ном­ска кри­за и ако во та­кви ус­ло­ви бро­јот на вра­бо­те­ни во зем­ја­та се зго­ле­ми за око­лу 120.000 ли­ца, то­гаш не е не­воз­мож­но со ре­а­ли­за­ци­ја на пла­ни­ра­ни­те мер­ки во пер­и­о­дот по кри­за­та бро­јот и обе­мот на ин­ве­сти­ци­и­те и на­та­му да се зго­ле­му­ва. Ефе­ктот од зго­ле­ме­ни­от обем на ин­ве­сти­ции (до­маш­ни и стран­ски) и од на­та­мош­но­то по­до­бру­ва­ње на де­лов­на­та кли­ма ќе би­де зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на но­ви про­ду­ктив­но вра­бо­те­ни ли­ца во еко­но­ми­ја­та. Во та­кви ус­ло­ви, број­ка­та од 64.000 но­во­вра­бо­те­ни ли­ца е ре­ал­но ос­твар­ли­ва.

Да­ли мис­ли­те де­ка се ос­твар­ли­ви нај­а­ви­те за от­пис на дол­го­ви­те на со­ци­јал­но­за­гро­зе­ни­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни?
Не­нов­ски: Ве­ру­вам де­ка Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии на­пра­ви­ло ре­ал­ни про­це­ни на мож­но­сти­те за та­кви от­пи­шу­ва­ња од ас­пект на бу­џет­ски­те мож­но­сти во пер­и­о­дот во кој ќе се вр­шат. Осо­бе­но ако се има пред­вид нај­а­ве­на­та под­го­тве­ност на де­лов­ни­те бан­ки, ЕВН и на те­ле­фон­ски­те опе­ра­то­ри за нив­но при­ста­пу­ва­ње кон ре­а­ли­за­ци­ја на тој про­ект во раз­ум­но од­ло­же­на вре­мен­ска рам­ка и на на­чин ка­ко што се пред­ла­га да се ре­а­ли­зи­ра.

Tome-Nenovski-int84-4

Се нај­а­ву­ва­ат но­ви мер­ки за пен­зи­о­не­ри­те, сту­ден­ти­те, зем­јо­дел­ци­те, по­точ­но, оп­фа­те­ни се си­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни. Ка­ква по­ра­ка ис­пра­ќа вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја со тоа?
Не­нов­ски: По­ра­ка­та е мно­гу јас­на. Во прет­стој­ни­от пер­и­од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ќе про­дол­жи со ин­тен­зив­на ре­а­ли­за­ци­ја на пла­ни­ра­ни­те мер­ки и актив­но­сти за по­до­бру­ва­ње на де­лов­ни­от ам­би­ент во зем­ја­ва, а со тоа и за зго­ле­му­ва­ње на стап­ка­та на еко­ном­ски рас­теж, што ќе ус­ло­ви но­ви вра­бо­ту­ва­ња и зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те на вра­бо­те­ни­те. Тоа, во крај­на ли­ни­ја, ќе во­ди кон по­до­бру­ва­ње на ста­ту­сот на т.н. сред­на кла­са во зем­ја­та. Слич­на ква­ли­фи­ка­ци­ја мо­же да се да­де и за зем­јо­дел­ци­те на кои, за да им се по­до­брат ра­бот­ни­те и жи­вот­ни­те ус­ло­ви и та­ка да ста­нат по­про­ду­ктив­ни во це­ли­на­та на на­ци­о­нал­на­та еко­но­ми­ја, во прет­стој­ни­от пер­и­од ќе им се зго­ле­му­ва из­но­сот на суб­вен­ции. Но, раз­бир­ли­во е де­ка не мо­жат си­те сло­е­ви на на­се­ле­ни­е­то да се нај­дат во таа гру­па. Тоа, осо­бе­но, се од­не­су­ва на пен­зи­о­не­ри­те со нај­ни­ски при­ма­ња, на со­ци­јал­ни­те слу­чаи, хен­ди­ке­пи­ра­ни­те и на ли­ца­та со ин­ва­лид­ност, па и на по­го­лем дел од сту­ден­ти­те кои сѐ уште се на­о­ѓа­ат во т.н. не­про­ду­ктив­на фа­за од жи­во­тот. На си­те тие ка­те­го­рии лу­ѓе им е по­треб­на др­жав­на по­мош за на­до­ме­сту­ва­ње на сла­бо­сти­те во нив­ни­от жи­во­тен стан­дард. На тој на­чин ќе се по­твр­ди прин­ци­пот што е со­др­жан во пре­ам­бу­ла­та на Уста­вот на РМ ка­де што стои де­ка, по­крај дру­го­то, РМ е со­ци­јал­на др­жа­ва.

Да­ли има­те на­пра­ве­но спо­ред­бе­на ана­ли­за на еко­ном­ски­те мер­ки на ВМРО-ДПМНЕ со тие на СДСМ и, спо­ред Ва­ше­то мис­ле­ње, ко­ја е раз­ли­ка­та ме­ѓу нив?
Не­нов­ски: Во еко­ном­ски­те де­ло­ви на из­бор­ни­те про­гра­ми на две­те во­деч­ки по­ли­тич­ки пар­тии во зем­ја­ва има слич­но­сти, но и го­ле­ми раз­ли­ки. Во еко­ном­ски­от дел од из­бор­на­та про­гра­ма на ВМРО-ДПМНЕ се ну­дат обем­ни и де­тал­но образ­ло­же­ни мер­ки со на­ве­ду­ва­ње на ро­ко­ви и на од­го­вор­ни из­вр­ши­те­ли на со­од­вет­ни­те про­гра­ми­ра­ни актив­но­сти. Од дру­га стра­на, во еко­ном­ски­от дел од сво­ја­та из­бор­на про­гра­ма СДСМ, во нај­го­лем дел, ну­ди рам­ков­но и/или дек­ла­ра­тив­но на­бе­ле­жа­ни актив­но­сти што таа пар­ти­ја има на­ме­ра да ги ре­а­ли­зи­ра ако ги до­бие из­бо­ри­те, но без нив­на опе­ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја од ор­га­ни­за­ци­ско-пер­со­на­лен и вре­мен­ски ас­пект. Тоа зна­чи де­ка во пре­диз­бо­ри­е­то ќе се со­о­чат опе­ра­тив­на еко­ном­ска из­бор­на про­гра­ма на ВМРО–ДПМНЕ изра­бо­те­на спо­ред по­тре­би­те и ба­ра­ња­та на гра­ѓа­ни­те со при­ме­на на прин­ци­пот де­ка е до­бро тоа што е по­твр­де­но и про­ве­ре­но од ед­на, и гло­бал­на, вре­мен­ски и ор­га­ни­за­ци­ски не­пре­циз­но опре­де­ле­на еко­ном­ска из­бор­на про­гра­ма на СДСМ, ко­ја на­ве­сту­ва про­ме­ни со кои зем­ја­та, а со тоа и еко­но­ми­ја­та би се наш­ла на нов по­че­ток во сво­јот раз­вој, од дру­га стра­на.

Tome-Nenovski-int84-5

Ка­кви ефе­кти се оче­ку­ва­ат врз еко­но­ми­ја­та и жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те од спро­ве­ду­ва­ње на мер­ки­те што ги пред­ла­га ВМРО-ДПМНЕ?
Не­нов­ски: Ефе­кти­те од ре­а­ли­за­ци­ја­та на тие мер­ки мо­жат да се оче­ку­ва­ат во не­кол­ку пун­кто­ви: пр­во, на­та­мо­шен по­раст на еко­но­ми­ја­та, ко­ја, ако не се слу­чат не­кои но­ви из­не­на­ду­ва­ња на свет­ски­от и, осо­бе­но, на европ­ски­от па­зар, во прет­стој­ни­от пер­и­од се оче­ку­ва да бе­ле­жи ак­це­ле­ри­рач­ки стап­ки на рас­теж; вто­ро, на­та­мош­но на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на не­вра­бо­те­ни и на бро­јот на си­ро­маш­ни ли­ца (т.н. со­ци­јал­ни слу­чаи) во зем­ја­та; и тре­то, вкуп­но про­сеч­но зго­ле­му­ва­ње на жи­вот­ни­от стан­дард на гра­ѓа­ни­те на РМ.

Да­ли мис­ли­те де­ка има не­кои мер­ки што тре­ба да се пре­зе­мат, а не се пред­ло­же­ни до­се­га?
Не­нов­ски: Про­гра­ма­та на ВМРО-ДПМНЕ со­др­жи 2.046 опе­ра­тив­ни мер­ки, што е иск­лу­чи­тел­но го­ле­ма број­ка. Но, тоа не зна­чи де­ка во про­гра­ма­та се со­др­жа­ни си­те мож­ни и по­треб­ни мер­ки за на­та­мош­но по­до­бру­ва­ње на со­стој­би­те во еко­но­ми­ја­та и де­ка не тре­ба во од да се вр­шат одре­де­ни до­пол­ну­ва­ња на таа про­гра­ма со но­ви мер­ки. Неј­зи­на­та пра­ктич­на ре­а­ли­за­ци­ја нај­до­бро ќе по­ка­же да­ли и ка­де има по­тре­ба за одре­де­но неј­зи­но до­пол­ну­ва­ње во ин­те­рес на ос­тва­ру­ва­ње на неј­зи­ни­те глав­ни це­ли: по­раст на еко­но­ми­ја­та, зго­ле­му­ва­ње на жи­вот­ни­от стан­дард на на­се­ле­ни­е­то на РМ и ос­тва­ру­ва­ње вку­пен оп­штес­твен раз­вој на зем­ја­та.

(Пишува: Александрија Стевковска | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 84. број на неделникот „Република“, 11.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top