Скопско финале на 7 мај на „Филип втори“ арената ќе играат Работнички и Металург за титулата во националниот фудбалски куп.
Романтичарите се спасија од сензационална елиминација дури по серијата пенали во Штип против Брегалница, откако реваншот заврши со резултат 2-0, идентично како и првиот меч во Скопје.
Во серијалот од по 8 пенали, гостите беа попрецизни и се пласираа во финалето.
Таму ги чека Металург, по триумфот од 1-0 со Тетекс во реваншот. Тоа беше единствениот гол во двата меча, а херојот на Металург е Марко Симоновски, кој постигна гол вреден финале во 80. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.