| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер уште е експрес, го прегази Степанек за 52 минути

Роџер Федерер одигра како во најдобрите денови, а жртва во првиот меч на тенискиот турнир во Монте Карло му беше искусниот Радек Степанек.

Популарниот Фед Експрес испорача блескава партија тенис и за само 52 минути го декласира Чехот со 6-1, 6-2. Турнирот е од мастерс серијата 1000 и е прв од серијалот европски турнири што се играат на земјена подлога.

Во осминафиналето Федерер ќе игра против Лукас Росол, тенисер кој пред две години го елиминира Рафаел Надал во втората рунда на гранслемот во Вимблдон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top