До Државната изборна комисија во законскиот рок, кој заврши синоќа на полноќ, не е поднесен ниту еден приговор за гласањето на првиот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата на 13 април.
Според информациите од ДИК, до нив се пристигнати пет приговори за прекршување на молкот на 12 и 13 април од страна на веб-порталите, како и за бришење на мастилото од палците на гласачите.
Исто така, се очекува ДИК денеска или најдоцна утре да го заклучи избирачкиот список за предвремените парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



