| четврток, 6 декември 2018 |

Героски бара промени во СДСМ

promeni-gero

Наспроти раководството на СДСМ, кое вината за изборниот пораз се обиде да ја побара кај нaродот, луѓето кои во јавноста важат за блиски до СДСМ, распалија по раководството на партијата по дебаклот во првиот изборен круг за претседател.

Уредникот на весникот „Слободен печат“, Бранко Героски, кој отворено пред почетокот на кампањата застана на страната на СДСМ и не ја криеше својата поддршка, незадоволен од резултатот на изборите, вели дека кога некој губи девет пати по ред, нешто ќе промени и дека во СДСМ нешто мора да се менува.

– И што сега и како утре ќе дојдат некои други избори, како утре некој ќе ме повика и ќе рече: Слушај сега да гласаме не за нов почеток, не за промени, ај да гласаме за некој друг слоган. Ќе речам, чекајте, полека, ќе се забавувам ли, девет пати гласам, девет пати гласаш. Сега да се разбереме, па Барселона да губи така, нешто ќе промени, не да вади кадарска екипа како сега ова, ќе извади пионерска екипа. Не ги коментирам кaдровските промени во СДСМ, но нешто мора да се менува – рече Героски во гостувањето на „Нова ТВ“.

Покрај Героски, меѓу оние кои по изборниот пораз на СДСМ во првиот претседателски круг се свртеа против СДСМ се и Сашо Орданоски, Александар Чомовски и Зоран Димитровски, а, исто така, низа критики кон раководството на СДСМ упати и Саше Ивановски – Политико, кој важи за близок до врхушката на СДСМ и кого медиумите го прогласија за неформален советник на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top