| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нека клеветат, навредуваат и лажат, ние ќе продолжиме со делата и реформите

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот во Валандово рече дека опозицијата кампањата за вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни ја продолжува со оцрнување на луѓето од власта.

– Смислиле црни сценарија, ќе ги оцрнуваме луѓето од власта, ќе ги правиме криминалци, ќе ги правиме вакви, ќе ги правиме онакви, ќе им монтираме случаи, ќе измислуваме случаи-тоа е најновата тактика. Ќе ја слушаме и таа тактика. Ќе ги слушаме и ќе ги истрпиме. Ќе се силат повторно, ќе викаат, ќе клеветат, ќе навредуваат, ќе лажат. Ние ќе се си ја тераме нашата работа, проектите, делата, реформите, нашето работење, нашата програма, тоа што ќе се случува во Македонија во наредните четири години – рече Груевски.

На митингот во Валандово  беа претставени носителот листата во четвртата изборна единица од владечката коалиција, Зоран Ставрески и кандидадите за пратеници.

Свој говор имаше и кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов, кој на своите сограѓани им се заблагодари за поддршката во првиот круг од изборите и за тоа што направиле разлика меѓу видливи дела и ветувачки зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top