| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски вети намалување на даноците во земјоделството

Лидерот на ГРОМ Стевчo Јакимовски и носителот на листата на кандидати за пратеници од таа партија во Третата изборна единица, Штерјо Николов денеска остварија средби со граѓани од општината Чешиново-Облешево и повеќе населени места во штипската општина.

Согледувајќи ги состојбите со земјоделството во овој дел на Македонија, Јакимовски им вети на земјоделците намалување на висината на сегашните даночни давачки со цел, како што рече, унапредување на земјоделството и постигнување поквалитетен живот на село.

– Со поддршка на земјоделството, со намалување на даночните оптеретувања во земјоделството, со поддршка на претприемништвото и лесен пристап до квалитетни финансиски средства може да се поттикне развојот на аграрот во Источна Македонија, а секако дека комуникацијата, односно изградбата на патишта, на современа патна инфраструктура, секако дека ќе придонесе многу за развој на Источна Македонија – истакна Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top