| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистена „меѓупартиската“ тепачка во Лисиче

Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи со тепачка на ул.„Ѓорѓи Капчев“, помеѓу З.Л.(18), К.Л.(29), С.Л.(55) и А.Л.(16), членови на СДСМ, од една страна и И.И.(16) и неговиот татко Б.И. ,членови на ВМРО.

По кратка вербална расправија по завршувањето на митингот на кандидатот Стево Пендаровски во Лисиче, дошло до физичка пресметка во која си размениле неколку удари.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против одговорните во инцидентот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Видеото погледнете го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top