| четврток, 6 декември 2018 |

Лесни совети за секојдневно штедење

Малите совети може да значат големи заштеди, било тоа на пари, време или сѐ останато. Пример, само мала количина на паста за заби е доволна, иако рекламите велат дека треба три пати повеќе.

Премачкајте ги вашите нокти со оцет пред да ги излакирате. Лакот така ќе ви трае повеќе од две недели.

nail-polish

За букетот да трае подолго, додадете малку вотка и шеќер во водата на цвеќињата. Водката ќе ги уништи бактериите и ќе ги зачува дршките од гнилежот, а шеќерот ќе ги нахрани растенијата.

enhanced-buzz-1526-1377118436-33

Aко сакате фармерките да ви имаат подолг век на траење, перете ги однопаку, а пред да ги ставите во машината натопете ги во оцет.

jeans

За да ги заштитите од кинење, ставете ги хулахопките во замрзнувач на 24 часа.

hulahopki1

Ако сакате двеќите подолго да ви траат, ставете ги во фрижидер 24 часа пред користењето.

sveki

Ставете хартиена салвета во чинијата со салата за да остане свежа подолго време. Таа ќе ја собере влагата поради која зелената салата гнили.

salata

Бананите траат подолго ако ги раздвоите.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top