| четврток, 6 декември 2018 |

Приватниот остров на Марлон Брандо првпат отворен за јавност (фото+видео)

ооостров

Славниот филмски актер Марлон Брандо уште во далечната 1967 година, додека го снимал сега веќе легендарниот филм „Побуна на бродот Баунти“ се вљубил во малиот остров Тетиаора во Тихиот океан. Тој е одалечен околу 50 километри од Тахити и Тетиаора долго време беше приватен остров во кој Брандо уживал со своето семејство, далеку од очите и притисокот на славата и Холивуд.

остров5

На десеттата годишнина од смртта на Брандо, неговото семејство реши да го отвори островот за јавност. Додека Брандо бил жив, животот на островот бил подреден на еколошки одржлив развој. Холивудскиот актер сонувал дека овој остров ќе биде место на кое ќе се работат истражувања чија цел ќе биде заштита и одржување на природата.

остров4

Сонот му се оствари, бидејќи на острвот се наоѓаат многу научници кои ја проучуваат флората и фауната, а неговите деца продолжија по стапките на таткото, што се однесува до еколошката освестеност.

остров3

остров1

На островот има и комплекст на луксузни вили кои се претворени во ресорти, наречени „Брандо“, во кои ноќевање чини 7.500 фунти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top