| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел по посетата на Грција замина на одмор во Италија

Откако ја завршила службената посета на Грција, германската канцеларка Андреа Меркел решила да замине на велигденски одмор, објави „мадиа.мк“. Меркел не сака премногу да екпериментира па, како и многу години наназад заминала во јужна Италија, на островот Искија.

angela-merkel-2-profimedia 45_ff

На одмор Меркел не се однесува како најсилна жена на светот: нема скапи хотели и ресорти, џет сет опкрукужување, шопинг и постајен надзор на видни бодигарди… напротив. Таа на одмор се однесува како и сите други туристи, само што е малку маскирана со бејзбол капа, за да избегне здодевни средби и коментари од другите туристи.

angela-merkel-4-profimedia 46_ff

На почетокпот на одморот ја посетила Помпеја, откако претходно лично ги платила картите за влез, за себе, сопругот и нејзиното обезбедување. Престојува, традиционално, на островот Искија, во малото место Сент Анџело, а рестораните и куварите од блиското и луксузно Соренто постојано се трудат да ја донесат и да обезбедат светска промоција со нејзината посета.

angela-merkel-3-profimedia_ff

Додека престојува, Меркел нема никакви посебни желби во врска со сместувањето, храната или амбиентот. Пие еспресо и  порачува италијанска храна која, потоа, со сопругот ја плаќаат од свој џеб, без привилегии користени од домаќинот или, познатото, плаќање на сметките од некој од обезбедувањето. Минатата година фоторепртерите на Билд ја следеле во прошетка кога влегла во стоковната куќа Лафајет, каде сама одбрала и платила облека а потоа порачала и добила храна за носење дома, и таму кесите со храната ги носела сама без помош или сервис на обезбедувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top