Во наредните две недели, градоначалникот очекува оваа предност да биде уште посилно изразена, а разликата меѓу гласовите поголема во корист на Иванов.
Тој говореше за низа проекти кои се реализирани и најавени во градот.
Автопат Кичево-Охрид е еден од капиталните проекти кој ќе донесе низа добробити.
-Автопатот ќе биде од револуционерн значење за развој на економијата и туризмот. На сите гости ќе им се овозможи во подобри услови да стигнат во грдот. Тоа во исто време е предуслов за подигнување на економскиот раст на Охрид. Во тек е тендерот за субвенционирање на авиолетови, бараме авио-агенција која ќе воспостави редовни летови. Тогаш ќе се создадат идеални услови за туризам во Охрид. Се работи и на проектот за патот Косел-Пештани, рече Бакрачески.
Резултатите од синоќешното гласање за градоначалникот не биле изненадувачки. Тој очекува двојна победа, за што ги објасни и причините.
-На овие избори, како и на минатите, имаме судир на два диаметрално спротивни концепти. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ, конзистентни ставовови по политичките и општествените прашања, 2046 изборни проекти со усвоена динамика и рокови. Од друга страна, опозицијата- декомпонирана, безидејна, деструктивна опозиција. Една затвореност, без продукција на проекти, рече Бакрачески.
Охрид деновиве слушна многу позитивни вести. За следниов период се најавени крупни инвестиции кои ќе отворат голем број на работни места.
-Со заеднички напори со Владата, интензивна комуникација, успеавме изминативе месеци да оствариме контакти со инвеститори од странство. Како резултат на разговорите, обзнанивме една голема вест со која една реномирана германска компанија дефинитивно ќе инвестира во Охрид. Ќе се произведуваат делови за реномирани автомобили. Ќе вработат во почетокот 100 луѓе кои ќе бидат едуцирани во Германија. Потоа компанијата во наредните 4 години во Технолошко-индустриската зона која ќе се заврши меѓу охрид и Струга, ќе се прошири и ќе вработи илјада луѓе. Премиерот обзнани дека уште еден германски гигант ќе инвестира во охридско и ќе вработи 750 луѓе. Во следниве години само овде ќе има 1750 директни вработувања, рече Бакрачески.
Тој говореше за низата инвестиции и проекти во Охрид. Бакрачески рече дека сите ветувања за Охрид се остваруваат, а ќе бидат остварени и проекти кои воопшто не биле ветени во програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.