Судот во Хјустон ја осуди во петокот на доживотен затвор 45-годишната Ана Трухиљо од сојузната американска држава Тексас, поради убиството на партнерот извршено во неговиот стан со потпетица долга 13 сантиметри. Трухиљо пред судот се бранеше дека немала намера да го убие 59-годишниот Алф Стефен Андерсон, научник и професор на Универзитетот Хјустон. Изјавила дека убиството го извршила во самоодбрана, што е во спротивност со фактот дека Андерсон бил избоден со потпетицата во главата и во пределот на вратот дури 25 пати.
Државниот обвинител ја повика поротата да ја осуди Ана Трухиљо на казна доживотен затвор, максимална казна предвидена за убиство, со појаснување дека обвинетата го убила Андерсон а потоа се обидела да ја уништи неговата репутација со тврдењата дека ја злоставувал.
Одбраната тврдеше дека Трухиљо го убила Андерсон обидувајќи да се побегне по кавгата во која тој се обидел физичка да ја нападена. Според полициските записи, двојката ноќта пред убиството ја минала во еден од баровите во соседството и се вратиле околу 2 часот утрото. Трухиљо малку подоцна се јавила во службата 911 и пријавила напад.
Обвинителството во текот на процесот изведе докази според кои Трухииљо по убиството кое се случи во јуни 2013 година, немала никакви повреди, што нејзините адвокати го демантираа, а Андерсон, пак, имал повреди на рацете здобиени во обидот да се одбрани од шилестите „стилето” потпетици на неговата партнерка.
По четиричасовното советување, поротата ги прифатила аргументите на обвинителството, а не на добраната којашто тврдеше дека станува збор за злосторство сторено во афект за кој осудената би добила максимална казна од 25 години затвор.
По потекло Швеѓанец, Андерсон бил професор на универзитетскиот центар за нуклеарни рецептори и клеточни сигнали, специјализиран за репродуктивното здравје на жените
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка