| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификуван возачот кој влета во куќа во Радишани

policija

Полицијата го идентификуваше возачот кој со БМВ влета во куќа во населбата Радишани и повреди една старица (74), која денеска е пуштена од болница.

Семејството на жената тврди дека претходно група од 30-мина насила им упаднала во домот и физички ги нападнале со шипки и дрва. Повредени се тројца од семејството.
– Возачот излезе од БМВ-то и пукаше со пиштол во воздух. Некој му кажа дека има камери на куќата и избега. Среќа што дојде полицијата инаку ќе имаше жртви – вели Зекир Изибер.

Од полицијата го потврдуваат инцидентот, но со сосема друга верзија на настаните. Од таму тврдат дека тепачката настанала поради предходна сообраќајка и дека нема врска со изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top