| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ не може да излезе од филмот креиран од Бранко Црвенковски

vmro-dpmne1_1

Зоран Заев, претседателот на СДСМ ја повтори истата прес-конфренција од вчера според која граѓаните се виновни за нивниот неуспех, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

– СДСМ не може да излезе од филмот, кој нивното најтесно раководство го продуцира, филм креиран во времето на Бранко Црвенковски, според кој виновни за нивниот неуспех се секогаш сите, само не најтесното раководство на СДСМ. Се додека СДСМ не почне да ги бара грешките кај себе и да ја разбере оваа порака што граѓаните им ја упатуваат на сите овие избори, а тоа е дека мора да променат нешто кај себе и да понудат реален и издржан концепт, СДСМ не може да се надева на успех – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според владејачката партија, не може за секој нивни изборен пораз да се виновни граѓаните.

– Единствен нивни новитет на денешната прес-конференција е фактот дека Зоран Заев ќе почнел црна и негативна кампања на што упатува во неговата прес конференција. Ние продолжуваме со презентацијата на 2046 проекти од нашата програма. Проекти со кои ќе се помогне на многу различни категории на граѓани во нашата земја. Тој нека продолжи да навредува и да манипулира, а ние ќе продложиме да работиме и ќе продолжиме со презентација на нашата програма и нашите проекти. Резултатот на овој негов однос и игнорирање на гласот на граѓаните тој ќе го види на 27-ми април, кога ќе се соочи со уште поголем пораз – пишува во соопштението на владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top